"Vizio" ги пушти во продажба најевтините "4К" телевизори на пазарот

Smartportal

30/09/2014

10:54

6.148

Големина на фонт

а а а

Американската компанија Vizio влегува на пазарот на 4К екрани со свои евтини телевизори.

Евтини секако во споредба со конкуренцијата, но според цените може да очекуваме и многу побрзо намалување и кај другите производители како што се Samsung, Sony и слични, пишува Smartportal.


Серијата P ветува висококвалитетна слика, но она што е можеби уште подобро за оние што се навлечени на онлајн содржина е соработката со Netflix. Секако сервисот ќе ја нуди и својата содржина во 4K и на другите поголеми производители.

Уредите на Vizio доаѓаат и со напредни опции кои порано чинеле многу повеќе како што се технологиите целосен спектар од осветлени панели (full-array backlight panel) и локално намалување на осветлувањето (local dimming).


Овие работи до сега ги имаше само во скапи LCD телевизори. Целта на Vizio е да ја направи конзумерската технологија што е можно поприфатлива за обичниот корисник, па така почнувајќи од оваа година компанијата овие скапи карактеристики ги инкорпорира во сите свои уреди. Интересно е што 70 инчната варијанта има 72 зони за локално намалување на осветлувањето, додека останатите верзии се со 64 зони.

Она што го претставуваат како ексклузивна технологија е Active Pixel Tuning која ја има во сите нивни уреди и која помага во елиминирање на непотребна светлина. Сето ова допринесува да се создаде одлична слика од 1080p, a од компанијата велат дека нивните системи ќе можат дури и да подобрат HD видео до резолуција блиску до Ultra HD.


Покрај поддршката за 4К видео на Netflix овие паметни телевизори кои во себе имаат четиријадрен графички и двојадрен компјутерски процесор ќе поддржуваат и сервиси како Amazon.

Иако веќе подолго време се знаеше за цените, се чекаше од компанијата да почне и да ги продава. Па така 50 инчниот телевизор од серијата P ќе чини 1.000 долари, 55 инчниот 1.400 долари, 60 инчниот 1.700 долари, 65 инчниот 2.200 долари и најмоќниот 70 инчен телевизор ќе се продава по цена од 2.500 долари.