Некогашната икона на убавина и сексипил денес е речиси непрепознатлива

Точка

27/09/2014

19:11

17.453

Големина на фонт

а а а

Иконата од педесетите и шеесетите години, која денес живее пустински со животни, Брижит Бардо во недела ќе го слави 80-тиот роденден.


„Мојот прв живот ми овозможи да успеам во вториот. Да не бев Брижит Бардо, позната во целиот свет, никогаш не би можела да направам ни десетина од она што го правам за животните“, рече таа.


Поранешната актерка придонесе во сексуалното ослободување во пуританскиот свет и е една од најсекси жените на филмот.


Дебитираше во 1952-ра година. Вртоглавиот подем на Брижит Бардо, една од најсјаните ѕвезди на францускиот филм, започна после филмот „И Бог ја создаде жената“ кој во 1956-та година го сними нејзиниот тогашен сопруг Рожер Вадим.


Тогаш Бардо, која жените се повеќе почнувале да ја имитираат, беше прогласена за најубава жена на светот.