Белата куќа: Путин е виновен за соборувањето на авионот над Украина!

Точка

26/07/2014

12:24

1.578

Големина на фонт

а а а

"Тоа што исто така го знаеме дека мелезискиот авион е соборен со ракета која е лансирана од земја. Испалена е од копно од регионот кој се наоѓа под контрола на руските сепаратисти и каде што украинците, всушност, не користеле сами против-авионско оружје во тој момент." - изјавил потпаролот на Белата Куќа, Џош Ернест.

Белата куќа соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин е виновен за уривањето на авионот над воената зона на Украина и дека со ЕУ И Г7 работат на воведување на нови санкции кон Русија.

"Тоа што исто така го знаеме е дека авионот е срушен со ракета испратена од копно во регион кој е под контрола на сепаратистите.. Затоа заклучивме дека Путин и Русите се виновни за оваа трагедија", додал потпаролот.


Потпретседателот на САД - Џосеф Бајден, разговарал вчера со украинскиот претседател Петар Порошенко за истрагата околу несреќата како и за политичката динамика во Украина - наведе Белата Куќа во одвоено соопштение, пренесува Reuters.

"Порошенко исто така истакнa дека иако е распуштена владеачката коалиција во Украина, владата ќе продолжи да работи на клучните економски реформи", соопштила Белата Куќа.

Порошенко го известил потпреседателот Бајден дека Русија продолжила да ги снабдува руските сепаратисти со тешко вооружување и опрема и дека се почесто се пука врз украинските војници од руската граница.

Бајден му порачал на Порошенко дека САД работи со ЕУ и Г7 на воведување на нови санкции кон Москва поради "крајните дестабилизирачки и неодговорни постапки во Украина".


Спонзорирани линкови

Маркетинг