Живи бомби: Магариња и кучиња наполнети со експлозив - главно оружје на џихадистите!

Точка

25/07/2014

11:55

3.418

Големина на фонт

а а а

Воените единици на Хамас подметнале бомби во кучиња и магариња, кои се темпирани да експлодираат и да уништат израелско воено тело во појасот Газа.

Исто како и бомбашите-самоубијци и војниците облечени како жени, кучињата и магарињата наполнети со бомби се уште едно оружје на џихадистите. Израелските воени инженери ги предупредиле трупите дека, колку и да се повредени, не треба да им приоѓаат на животните на улица бидејќи постои опасност да експлодираат.

Техниката на полнење на животните со експлозив била видена многу пати во војната меѓу Британците и Талибанците во Хелманд, во Авганистан.

Британските трупи биле тренирани никогаш да не им приоѓаат на магарињата со ќебиња на грб, бидејќи токму тие ќебиња би можеле да кријат бомба која би експлодирала во истиот момент кога војникот би пришол.


Борците на Хамас се одлично истренирани и ова досега е најсилна одбрана и најголем отпор кој Израел го имал во Газа. Меѓутоа, борците на Хамас се свртеле кон прилично лоши методи - животните ги полнат со експлозив и ги оставаат да шетаат на улица. Инаку, ова е прв пат Хамас да постави толку голем број на бомби, во очајничките обиде да се спротивстави на израелската војска.

Денес, изгледите дека ситуацијата ќе се смири се многу мали. Во судирите досега загинаа 700 Палестинци и околу 34 Израелци.

Израел лансирал повеќе од 3.300 ракети од почетокот на судирите, додека Палестинците во Израел лансирале повеќе од 2.250 воени ракети.


Спонзорирани линкови

Маркетинг