Украина ја распушти пратеничката група на комунистите

Нетпрес

24/07/2014

16:14

838

Големина на фонт

а а а

Претседателот на украинскиот парламент Олександар Турчинов најавил денес распуштање на пратеничката група на Комунистичката партија на Украина, обвинета дека отворено го поддржува прорускиот сепаратизам на истокот на Украина.

„Тоа е историски момент. Се надевам дека никогаш веќе нема да има комунистичка група во украинскиот парламент“, рекол Турчинов, кој го искористил неодамна усвоениот закон кој му дозволува распуштање на некоја парламентарна група која има многу мал број на пратеници.

Во украинскиот парламент со 450 пратеници има 23 комунисти. Украинската влада соопштила дека отпочнала судска процедура да ја забрани Комунистичката партија. Според сознанијата на украинската служба за безбедност, локалните одбори на комунистите ги поддржуваат проруските активисти на истокот на Украина, кои се борат против владините сили на безбедност.

Шефот на пратеничката група на омунистичката Партија Шимоненко ја оценил одлуката на Турчинов како „нелегална“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг