Сателитска снимка: Како изгледа местото на падот на MH17 од вселената

Точка

23/07/2014

15:48

3.243

Големина на фонт

а а а

Сателитот на компанијата DigitalGlobe од Колорадо го снимил местото на падот на малезискиот "Боинг 777" на летот MH17, кој бил соборен над Украина, а сите 298 патници и членови на екипажот биле убиени.

По веста за рушењето на MH17, DigitalGlobe ги пратиле своите три сателити да направат прелет над Украина и да го снимат местото на падот на авионот. Во понеделникот и вторникот, конечно успеале да ги направат фотографиите од местото, каде што немало облаци, пренесува Business Insider.


Фотографиите покажуваат голема црна дамка каде што паднале поголем дел од остатоците на авионот, додека другите остатоци паднале по полињата околу селото Грабово. Подрачјето над кое паѓале остатоците од авионот и телата на невините патници е навистина големо, а тоа го покажуваат и фотографиите.


Потсетуваме, во Холандија во околу 16 часот би требало да пристигнат првите тела на жртвите од катастрофата, односно 16 од нив. Телата се пренесуваат со транспортен авион од Харков во Украина. Денешниот ден во Холандија е прогласен за ден на жалост.


Холанѓаните од Британија побарале да ги декодираат записите од црната кутија, која им била предадена.


Спонзорирани линкови

Маркетинг