Што знае за кобниот лет MH17 американскaта интелигенција?!

Точка

23/07/2014

12:30

4.962

Големина на фонт

а а а

Американските разузнавачки служби веруваат дека про-руските бунтовници најверојатно "по грешка" го срушиле малезискиот патнички авион. Откриле и какви докази имаат за вмешаноста на Русија.

Иако не пронашле докази за улогата на Русија, Вашингтон ја обвинува Москва за "создавање на околности" кои довеле до соборување на авионот, изјавиле за американските медиуми неименувани американски официјални лица.

Минатонеделното уривање на авионот во кои животот го изгубија сите 298 патници и членови на екипаж се продлабочи во украинската криза во која про-руските сепаратисти се борат против владините сили откако во протестите во март беше симната про-руската власт во Киев, а Русија по тоа го анкетираше Крим.


Авионот во источниот дел на Украина најверојатно го урнале про-руски сили со ракета земја-воздух SA-11, а авионот најверојатно бил мета по грешка, заклучиле американските разузнавачки служби.

Американските разузнавачки извори изјавиле дека за да го урнат авионот не им е познато дали про-руските бунтовници располагаат со такво оружје. Според новите податоци Русија продолжува да ги снабдува бунтовниците со оружје, вклучувајќи ракети и тенкови. "Се' уште утврдуваме дали постои директна (руска) улога, дали на теренот имало Руси и дали ги обочуваат сепаратистите", изјавил заменик на советникот на американскиот претседател за национална сигурност Бен Родес за CNN.


Обама и Руте: Русија ќе се соочи со последици за поддршка на сепаратистите - Претседателот на Америка, Барак Обама и премиерот на Холандија, Марк Руте се согласиле во вторникот преку телефонски разговор дека Русија ќе мора да се соочи со последиците доколку продолжи да им дава поддршка на насилните сепаратисти во Украина, објави Белата Куќа.

"Претседателот ги поддржа денешните акции на Советот за надворешни работи на Европската унија остро осудувајќи ги актите кои доведоа до оваа трагедија и подготвувајќи дополнителни санкции против оние кои ја дестабилизираа Украина", напишала Белата куќа во соопштението.


"Претседателот и премиерот изразиле загриженост поради новите докази дека Русија и понатаму испраќа оружје и борци преку границите за поддршка на сепаратистите, додека истовремено продолжува да ги насобира своите сили", било додадено.

Двајцата водачи се согласиле дека по враќањето на телата на жртвите на малезискиот патнички авион, приоритет мора да стане обезбедувањето пристап на меѓународните истражувачи до местото на несреќата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг