Фантастично: Македонската компанија "Леов" го произведе првиот "смарт" бојлер во светот

Нетпрес

25/06/2014

13:23

16.717

Големина на фонт

а а а

Компанијата Леов го произведе првиот "смарт" бојлер во светот.

Тоа значи дека не ви е потребен човек дома за да вклучи бојлер, туку тоа можете да го направите и преку мобилниот телефон за кој е креирана специјална апликација. Бојлерот на македонскиот пазар ќе биде пуштен во септември.

„Бојлерот го изработи компанијата Леов, електронскиот термостат е на SMD, a ARANEA ја изработија мобилната апликација. Што значи дека овој производ е комплетно македонски. Идејата за истиот ја имам уште со појавата на смарт телефоните. Во овој брз начин на живот кога речиси нема човек дома за да вклучи бојлер, овој смарт бојлер ќе може да се вклучува од било каде преку мобилниот телефон. Секој многу лесно може да го користи, а известување односно нотификација за било каква команда на бојлерот на мобилните ќе добиваат и другите членови на семејството кои ја имаат апликацијата на мобилен телефон,“ изјави генералниот менаџер на компанијата „Леов“, Златко Леов.

Според перформансите, новиот електронски термостат на „смарт“ бојлерот заштедува дури 40 отсто електрична енергија за разлика од електромеханичкиот термостат на старите бојлери. Бојлерот исто така има и четири нови функции, антибактериски е, има заштита од замрзнување, заштита од греење на суво и детектирање на грешка во сензорот. Со ова производство на паметен бојлер, компанијата Леов е пет години пред нивната конкуренција.


„Електронскиот термостат е направен од најсовремени делови за да може да функционира беспрекорно. Не штедевме на неговата изработка која задоволува високи стандарди. Апликацијата за мобилниот телефон пак, може да се симне бесплатно,“ изјави Леов.

Компанијата Леов постои 30 години, извезува во 25 земји и освен во Европа имаат интенција да извезуваат и во Азија. Произведуваат во три града, а нивниот извоз изнесува 12 милиони евра.

Според претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, иновативноста на компаниите е клучна за нивен развој и извоз, а компанијата Леов е пример за другите компании и истата може да се носи со светските компании кои инвестираат во Македонија.

„Компанијата „Леов“ произведува прозводи кои се препознатливи и се бренд во регионот и Европа. Иновативноста, квалитетот, додадената вредност се клучните за извозот на македонските производи на светските пазари,“ изјави Азески.


Спонзорирани линкови

Маркетинг