Брутален и екстремен: Светот го доби новиот Осама бин Ладен!

Точка

14/06/2014

14:06

8.348

Големина на фонт

а а а

Абу Бакр ал-Багдади е лидер на Исламската држава Ирак и Левант. Следбениците го сметаат за лидер на новата генерација.

Додека милитантите на исламската држава Ирак и Сирија продолжуваат да навлегуваат се подлабоко во Ирак, притоа преземајќи ја контролата над поголемите градови во земјата, медиумите пишуваат за лидерот Абу Бакр ал-Багдади.

Станува збор за лидерот на групата позната под името Исламска држава на Ирак и Левант, а оваа група се опишува и како полоша од Ал-Каеда. Колкава закана претставува ал-Багдади говори и фактот дека го нарекуваат иден Осама бин Ладен. Вчера неговата група ИСИЛ објавила дека убила околу 1.700 ирачки војници.

Абу Бакр ал-Багдади воскреснал од анонимноста и станал лидер, а Ал Џазира пишува дека ја персонифицира бруталноста, одлучноста и амбицијата на ИСИЛ.

Никој по Осама бин Ладен не бил толку почитуван меѓу сунитските борци. За разлика од Осама кој се издигнал благодарение на богатството, Багдади се пробивал полека, од обичните почетоци на северот на земјата, до лидер на една од најголемите закани. Охрабрен од своите успеси на боиштата во Сирија и Ирак, го оспорил и самото водство на Ал Каеда, наведувајќи дека тој е вистинскиот наследник на Осама.


Неговите методи се екстремни, а неговите акции загрижуваат многумина. Заробените непријателски борци ги стрела и' им ги сече главите, а нивната смрт се снима и се објавува на интернет.

Останатите вооружени сили во Сирија трпат напади, додека ИСИЛ го шири своето влијание на територијата. На тие места воведуваат строго учење на исламот. Интернетот изобилува со видеа на кои крадците се казнуваат со сечење на раце.

За почетоците на ал-Багдади не се знае многу. Роден е во 1971-та година, а како студент ја учел исламската историја и стекнал докторат на универзитетот во Багдад во доцните 90-ти. Кога САД во 2003-тата година го нападнале Ирак, тој се вклучил во вооружена група и започнал борби на западот на земјата.

Стејт Департментот во 2011-тата година понудил 100 милиони долари награда за негово апсење или смрт.


Спонзорирани линкови

Маркетинг