Донирај сега: Македонија им помага на луѓето погодени од поплавите во Србија и Босна

Точка

17/05/2014

15:26

9.091

Големина на фонт

а а а

Ве молиме донирајте уште сега за луѓето кои се погодени од најсилните дождови и поплави во последните 120 години, кои се случија во Босна и Србија.

Поплавите предизвикаа илјадници луѓе да ги напуштат домовите, уништени се патиштата и мостовите, затворени се училиштата, предизвикан е целосен прекин во снабдувањето на електрична енергија за цели градови.


Средствата собрани од страна на луѓето од Македонија, ќе бидат донирани директно во Босна и Србија за поддршка на најпогодените заедници и индивидуи со најголема потреба!

Организатор на оваа хуманитарна иницијатива е ЦИРа, која ќе ги трансферира собраните средства на партнерските организации од Србија и Босна, кои работат во областа на развојот на филантропијата.


Ве молиме донираjте уште СЕГА! Донирајте преку интернет брзо и безбедно со вашата кредитна или дебитна картичка! Повеќе информации ТУКА.

Фокус пренесува каде утре (недела) ќе има отворени пунктови каде што ќе се собираат средства за настраданите лица во поплавите во Србија и Босна и Херцеговина.

Општина Аеродром – 10 часот, на ширинката кај Мајчин дом, до малата црква

Плоштад Македонија – 12 часот

Куманово – 11 часот – 14 часот, плоштад

Населба Автокоманда – 11 часот, пред Римес (на коцката)

Велес – 15 часот, фондација „Фокус“ (зграда на НВО, наспроти градинката во Дворови)

Битола – 12 часот, плоштад Магнолија

Тетово – од 9 до 11.30 часот, пред центарот за култура „Иљо Антески – Смок“

Кисела Вода – во текот на целиот ден, ул. Стојан Стојановски, зад магацините на Славија, до пругите

Воедно, со вртење на бројот 143 400 од било кој мобилен оператор можете да донирате 100 денари за акцијата за помош на настраданите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг