Уметник, во 19-ти век, во своите дела ги прикажал сите аспекти на човековото постоење, па дури и активности кои се одвиваат позади "затворени врати". Уметничките дела од овој период прикажуваат единствена мешавина на викторијански манири и животински инстинкт.

Ваквите цртежи во времето на уметникот Михаил Зичи се сметале за премногу смели, но тој сепак храбро со својата работа се стремел да го прикаже светот на стотици луѓе позади "затворените врати".

Унгарскиот уметник, работел како наставник по сликарството пред да стане уметник во судот на рускиот цар Александар Втори.

Иако претежно работел со водени боици некои од неговите дела се изработени во црно-бела техника и прикажуваат сензационални сцени како мастурбација и орален секс.

Луѓето кои ги прикажал во своите дела припаѓаат во различни старосни групи и класи, а нивните претстави се исклучиво реални. Се откажал од изработка на овие дела за да почне да работи за рускиот цар.

Споменатите цртежи во добата на Зичи биле протолкувани како "валкани" и не биле признаени како уметност. Само мал број на современици го сметале за гениј. Луѓето дури кон крајот на 20-тиот век почнале да се интересираат за овие дела што јасно говори дека овој уметник бил "пред своето време".