"Периметар" е алтернативен контролен систем на нуклеарната сила на Русија. Тој е наменет за автоматско управување на масивен нуклеарен удар.
Главниот фактор за стравот од Трета светска војна претставува фактот дека Русија поседува систем кој овозможува нанесување на втор нуклеарен удар, таканаречен "нуклеарна одмазда", дури и при целосно уништување на контролните пунктови и линиски врски на ракетните единици со стратешка намена.
Неговото име е "Периметар", а во САД го нарекуваат "Мртвата рака".

Основниот систем за управување со стратешки ракети се нарекува "Казбек" - тој е познат благодарение на комплексот "Чегет" или "нуклеарен куфер". "Периметар" е алтернативен контролен систем на нуклеарните сили на Русија. Тој е наменет за управување на масивен нуклеарен удар.

Развивањето на системот на таканаречениот гарантиран втор удар, започнало во екот на Студената војна, кога станало јасно дека средствата за радио-електронска борба кои константно се усовршувале, многу набрзо би можеле да станат можност за блокирање на редовните канали за управување на стратешките нуклеарни сили. Била потребна резервна варијанта за врска, која гарантира доведување на команди до уредите за лансирање.
Во НАТО тоа било окарактеризирано како создавање на систем за нуклеарен удар кој би функционирал без човекова команда. Но сепак, сличен систем постои и во САД, а тоа е ERCS. Тогаш се родила идејата контролната ракета опремена со силен радио - предавател да се користи како врска.

При своето прелетување на Советскиот сојуз, таквата ракета би ги пренесувала командите за лансирање на ракетите, и тоа не само во контролните пунктови на здружените сили на Ракетни единици за стратешки намени, туку и непосредно на уредите за лансирање. На затворената резолуција на Владата на СССР бр. 6950227 од 30. август 1974. година, за развивање на системот било задолжено проектантското биро "Јужноје" во Дњепропетровс, кое се бавело со проектирање и изработка на интерконтинентални балистички ракети.
Како основа послужила ракетата UR-100UTTH. Тестирањата започнале во 1979. година и првото лансирање со предавател било успешно изведено на 26. декември. Тестирањата ја потврдиле успешната интеракција на сите компоненти на системот "Периметар", како и способноста на боевата глава од контролната ракета да го одржува зададениот пат.

Во ноември 1984. година контролната ракета која била лансирана кај Полоцка, пренела контролен лансирачки уред MBR RS-30 на Бајконур. Ракетата била лансирана, и по обработувањето на сите степени бил забележан погодок на боевата глава во зададениот квадрат на Камчатка. "Периметар" тогаш стапил на дежурство, односно од јануари 1985. година. Системот од тогаш се модернизирал неколку пати, и сега во својство на контролни ракети се користат современи интерконтинентални балистички ракети.
Основата на системот ја сочинуваат контролните балистички ракети. Тие не летаат кон непријателот, туку летаат над Русија, а наместо термонуклеарни боеви глави, во нивниот преден дел има предаватели кои праќаат команда за лансирање на сите боеви ракети: во подземните силоси, на авионите, на подморниците и на мобилните земјени комплекси. Системот е во целост автоматизиран, човековиот фактор во неговата работа е исклучен или минимизиран.

Одлуката за лансирање на контролните ракети ја носи автономниот контролен систем, а тоа е сложен програмски комплекс на база на вештачка интелигенција. Тој добива и анализира многу различни информации: за сеизмички и радиоактивни активности, атмосферски притисок, интензитет на радио-размена на воени фреквенции, ја контролира телеметријата од контролните пунктови на Ракетните единици за стратешка намена и има систем за предупредување за ракетен напад.
На пример, доколку открие извори на силно јонско и електромагнетно зрачење и ги спореди со податоците за сеизмички измени во истите координати, системот доаѓа до заклучок дека станува збор за масивен нуклеарен удар. Во тој случај "Периметар" може да возврати со удар.
Друга опција е кога системот за предупредување за ракетен напад добива информација за лансирање на ракета од туѓа територија. Тогаш раководството на земјата го пренасочува "Периметар" на борбен режим. Доколку по одредено време не добие команда за исклучување, системот започнува да лансира ракети.
"Периметар" во последните неколку децении мирува, но не престанува да анализира нови информации. При пренасочување на борбен режим или по добивање на сигнал за паника, се вклучуваат сензорите за откривање на знаци за нуклеарна експлозија.
Раководството на системот веќе неколку пати изјавило дека не постои ризик од случајно или несанкционирано лансирање на ракети.