Припејд пакети и услуги на Т-Mobile со поени од Мој клуб

Точка

18/03/2014

12:32

5.248

Големина на фонт

а а а

Т-Mobile им овозможи на при пејд корисниците кои собираат Мој клуб поени, да ги трошат и за активирање Т-Mobile услуги и пакети.

Отсега, покрај во партнерската мрежа, собраните поени припејд корисниците може да ги искористат и за некоја од услугите кои овозможуваат неограничени разговори, неограничен интернет или СМС пораки.

Саканата услуга може да се активира: преку Говорен автоматсо јавување на 122, во Телеком продавница, преку Мојот T-Mobile, како и преку веб страницата на T-Mobile.


Со програмата за лојалност постпејд и припејд корисниците на T-Mobile собираат и користат поени во над 250 продажни места низ Македонија. Поените можат да се комбинираат и користат: за избор на подарок од каталогот на подароци, за купување на мобилен телефон во Доверба 24 и во партнерската мрежа. Припејд корисниците, отсега поените можат да ги користат и за активирање пакети и услуги.

Повеќе информации на www.t-mobile.mk.