Ова е одговорот на Украинците до лажливите новинари

Точка

22/02/2014

15:49

10.287

Големина на фонт

а а а

Ова е украинскиот одговор на сите медиуми кои објавувале лажни вести за демонстрантите, а тоа најмногу се однесува на руските новински агенции, кои, како што авторите на видеото тврдат, константно ги дезинформираат луѓето за украинската револуција.

Руските медиуми се принудени да емитуваат лажни вести на телевизиските екрани, во весниците и на интернет. Annafox.com пишува дека тоа се прави намерно, поради притисокот кој доаѓа од руската влада.

Имено, руските медиуми повеќе од 2 месеци украинските демонстранти ги нарекуваат со зборовите: екстремисти, терористи, пијаници, бездомници, крадци, вооружени напаѓачи, криминалци, гангстери...

Ова видео настанало за да им се покаже на луѓето низ светот кој се' се бори за "демократијата и слободата на прекрасната Украина". Тоа се, како што е наведено во песната: учители, инженери, научници, лекари, физичари, хемичари, спортисти, работници...



Спонзорирани линкови

Маркетинг