Конечно мир во Украина

Нетпрес

20/02/2014

09:44

1.898

Големина на фонт

а а а

Спогодба за примирје и почеток на преговарачки процес за стабилизирање на ситуацијата постигнале украинскиот претседател Виктор Јанукович и тројцата лидери на опозицијата, Арсениј Јацењук, Виталиј Кличко и Олег Тјагнибок.

Ова го објави руската новинска агенција Итар-Тасс, цитирајќи изјава на Арсениј Јацењук, лидер на опозициската партија Баткившчина.

Тој посочил дека власта во земјата планирала да прогласи вонредна состојба и да спроведе ноќна акција, но според него таа одлука била повлечена во последен момент.

„По средбата, која ја имавме, можам слободно да кажам дека нема повеќе да има нереди на Плоштадот на независноста“, изјавил Јацењук.

Прес-службата на Јанукович соопштила дека преговарачките страни договориле примирје и почеток на еден процес на дијалог, чија цел е запирање на крвопролевањето и стабилизирање на ситуацијата во државата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг