Воена состојба во Киев: 14 лица загинале, на плоштадот одекнуваат експлозии

Точка

19/02/2014

09:20

1.469

Големина на фонт

а а а

Во еден од најжестоките судири помеѓу демонстрантите и полицијата во Украина, во текот на денот биле убиени најмалку 14 лица, од кои шестмина се полицајци. Нередите се' уште траат.

Во нередите во Украина загинале најмалку 14 лица, јавиле од CNN вчера вечерта. Меѓу загинатите има најмалку шест полицајци, а повеќе од 400 луѓе биле повредени.



Украинската специјална полиција упаднала вчера вечер на главниот плоштад во Киев, Маидан, каде веќе со месеци се собираат демонстрантите кои бараат смена на режимот. Дописниците од светските медиуми јавуваат дека од Плоштадот на независноста се слушале експлозии. Опозициониот лидер Виталиј Кличко ги повикал демонстрантите да ги бранат своите логори.


Киевското метро не работи, а има и информации дека низ градот не се движат ни автомобили, јавува BBC. Непосредно пред 19 часот по средноевропско време, полицијата преку звучници најавила дека почнува со "против-терористичка операција".


Полицијата со водени топови и гумени куршуми ги брка демонстрантите, а тие возвраќаат со камења, пиротехника и молотови коктели.













Спонзорирани линкови

Маркетинг