Десет демонстранти и тројца војници се повредени при судирите во Киев

Нетпрес

18/02/2014

11:43

614

Големина на фонт

а а а

За време на судирите меѓу демонстрантите и силите за безбедност пред украинскиот Парламент во Киев се повредени 10 демонстранти, од кои еден е со откината рака, пренесе изданието "Лига".

Повеќето од повредените се со повреди во пределот на главата, а две жени се здобиле со рани од гумени куршуми.

Според руската агенција „Интерфакс“ во судирите се повредени тројца војници од внатрешната војска. Војниците се повредени откако демонстрантите се обиделе да го пробијат полицискиот кордон и да стигнат до Врховната Рада.


Спонзорирани линкови

Маркетинг