1.Навистина е едно од најсреќните места на Земјата
Во Светскиот извештај за среќа на ОН во 2013 година, Норвешка го зеде второто место. Во извештајот беа опфатени 156 земји и беа разгледани повеќе фактори, вклучувајќи просечна должина на животот и здравје, слобода и социјална поддршка.
2.Многу е безбедно
Стапката на криминал во Норвешка е неверојатно ниска. Стапката на убиства е ниска. Стапката на затвореници е ниска. Како што рекол еден мудар студент на право, „среќните луѓе не ги убиваат своите сопружници“.
3.Имаат закон наречен "allemannsrett“
Овој закон буквално се преведува во „права на сите луѓе“. Тоа е слобода да се скита насекаде, и да се има пристап до секоја патека преку некултувирана земја. Ова значи дека можете да подигнете шатор или да шетате буквално секаде каде што никој не живее или нема нива. Исто така, берењето на диви овошки е дозволено секаде. Овој закон е супер, бидејќи има многу неверојатни места кои треба да се видат во Норвешка, а многу малку граници кои ве спречуваат да стигнете таму.
4.Тролтунга е идеално место за фотографии
Тролтунга е едно од оние места кои се неверојатно и надреално прекрасни.
5.Исто и Кјергаболтен
Го гледате ли овој камен? Може да застанете на него. Каде на друго место може да „лебдите“ илјадници метри над тлото, пикнати меѓу две планини?
6.И урбаните населби се полни со природа
Како Осло, главниот град на Норвешка. Пошумените ридови над градот и големиот дел на зелен простор во Осло прават да заборавите на џунглата од бетон во другите главни градови.
7.Фредрикстад тврдината е античка земја на чудата
Тврдината е еден од најстарите зачувани градови во Скандинавија.
8.Фјордови
Норвешките фјордови се природни чуда кои молат да одите и да ги истражите.
9.Норвешка го произведе ова чудо...
10.Има прекрасни рибарски кабини
И се насекаде! Можете дури и да останете во една од нив, ако сакате.
11.Полноќно сонце
Овој природен феномен – 24 часа видливо сонце – се појавува за време на летото во северна Норвешка, токму над Арктичкиот круг. Не само што полноќното сонце е прекрасна глетка, тоа им дозволува на Норвежаните екстра часови за риболов, прошетка со чамец, качување и истражување.
12.Норвешка е родното место на скијањето
Раните докази за модерното скијање биле пронајдени токму во Норвешка. Зборот „ски“ всушност потекнува од стариот норвешки јазик, и значи „тенко парче дрво“.
13.Всушност има повеќе езера од Финска, земјата на 1.000 езера
Иако Финска има повеќе од 60.000 езера, Норвешка и овде ја надминува. Во оваа земја има повеќе од стотици илјади езера кои се навистина прекрасни.
14.Хорниндалсватнет е најдлабокото езеро во Европа
15.Норвешка го има и најдолгиот тунел во светот
16.Овој поглед од врвот на планината Флојен во Берген
Може да се извозите на жичницата Флоибанен до врвот на планината. Прекрасните глетки се загарантирани.
17.Може да ги видите Северните светла
18.Два збора: ветер и ирваси
Дедо Мраз не може да биде далеку.
19.Поларни мечки
Може да ги видите како слободно шетаат на островот Свалбард.
20.Националниот пијалак е Аквавит
Овој алкохол кој се прави од компири зачинет со билки има неверојатна потенција. Повеќето луѓе го пијат заедно со пиво, и тоа е комбинација која ви гарантира мамурлак следниот ден.
21.Може да скијате и сред лето
Стрин летниот центар за скијање се отвора на крајот на мај и ги остава своите порти отворени до средината на август или крајот на јули, зависи од временските услови.
22.Аалесунд е прекрасен преку ден...
23.И преку ноќ
24.Патувањето со траект преку Геирангенфјорд го одзема здивот.
25.И конечно, Норвешка има 50.000 острови и брег кој се протега на 51.600 милји
Има повеќе вода отколку што може да се истражи со брод. Има повеќе копно отколку што можете да истражите пешачејќи. Како може некогаш да ви здосади?