Со оглед на тоа што за многумина ќебапчињата се омилено јадење од месо, истите секогаш се и чест избор за ручек, а знаејќи дека и домашното е секогаш најдобро, следниот пат кога ќе сакате да приредите домашен ручек со кој ќе ги израдувате најблиските, подгответе вкусни домашни ќебапчиња, а рецептот за истите можете да го прочитате во продолжение.
Состојки:
● 750 грама телешко месо
● 250 грама овчо месо
● 1 лажица сол
● 1 лажица вегета
● 1 лажица бибер
● ½ главица лук
● 1 лажица кајмак
● Малку минерална вода
Задолжителни прилози:
● Голема количина на буковец
● Кајмак или ајвар, по желба
Потребни состојки за прелив за лепчето:
● Зовриена вода
● Малку говедско месо или говедска супа во коцка
● Малку масло
● Магдонос
● Бел лук
● Бибер
Подготовка на преливот:
Во еден сад ставете ги сите зачини, додавајќи го маслото, говедската супа и водата, оставајќи го сето тоа да зоврие.
Подготовка на ќебапчињата:
❶ Исечете го месото на ситни парчиња и мелете го неколку пати, се додека не заклучите дека истото е подготвено за месење.
❷ Во блендер иситнете го лукот, се со цел од него да се исцеди сокот, а потоа месото помешајте го со овој сок, заедно со зачините кои што ќе ги додадете по ваш вкус, како и со кајмакот и минералната вода. Добро измешајте ја смесата и оставете ја да потстои неколку часа во фрижидер... Се препорачува вака подготвената смеса да остане во фрижидерот во текот на една ноќ.
❸ Започнете да го обликувате месото со помош на готварски шприц со додаток за ќебапи, но доколку го немате ова помагало во кујната, сето тоа можете да го направите и рачно. Ќебапчињата печете ги на скара, но доколку во домот немате скара, приготвувањето можете да го направите и во тава, со исклучително мало количество на масло.
❹ Откако ќе завршите со печењето, врз месото истурете го преливот, притоа внимавајќи да оставите помала количина со која ќе ги премачкате лепчињата и истите потоа малку ќе ги запечете.
❺ На крајот, соберете ги вашите најблиски и заедно уживајте во вкусниот оброк. Добар апетит!