Гинко билоба - најстарата билка на светот

Точка

22/11/2013

19:25

21.776

Големина на фонт

а а а

Гинко билоба или на латински Ginkgo biloba е најстарата билка на Земјата. Поединечни примероци од оваа билка можат да живеат и до 1000 години.

Нејзиниот лист и семе веќе со векови се користат во кинеската медицина, првенствено на лечење од астма, болести на бронхиите и белите дробови, како и за подобрување на периферната и мозочната циркулација на крвта.


Исто така во современата медицина се прифаќа превентивното и лековитото делување на гинко. Важно е да се спомне дека гинко е најмногу употребуван природен препарат на денешницата. Само во Германија, во 1988 година, се препишани преку пет милиони гинко рецепти. Истражувањата за лековитите својства на гинкото укажуваат на неговото силно антиоксидантно дејство, првенствено поради високата концентрација на флавоноиди.


Листовите на гинко билоба, покрај другото, содржат флавоноид кемпферол, квесцетин, изорамнетин и други гликозиди, проантоцијаниди, терпени од нефлавоноидно потекло, и тоа: билобалид и гинко глиди A, B и C, лагнини, етерични масла и танинска киселина.

Гинко билоба се одгледува на неколку места во светот. Листот е лековитиот дел од билката, а се користи за подобрување на меморијата и други мозочни активности, делува антидепресивно, анксиолитички, а корисен е и за лица кои патат од мигрена. Ги олеснува тешкотиите кај астма, алергија, Алцхајмерова болест, како и кај кардиоваскуларните болести.




Во крвните садови делува антиагрегациски, односно спречува тромбоза. Го регулира повишениот и намалениот крвен притисок. Се препорачува да се користи ако имате проблеми со црниот дроб или бубрезите, разни воспаленија, импотенција, зуење во ушите, слаб слух како резултат на староста, ослабување на видот, вртоглавици и хемороиди. Го стимулира користењето на глукоза, па е корисен за дијабетичарите.


Бидејќи воопшто влијае на циркулацијата на крвта, користењето на гинко ги намалува неповолностите на стареењето, ги зголемува работните способности, го забрзува зарастувањето на раните и го олеснува закрепнуањето од воспалени вени.


Ако долготрајно земате повеќе од препорачената доза на оваа билка, како нус појави може да се јават анксиозност, несоница, мачнина, дијареа, дерматитис. Гинко може да се користи во капсули или таблети, но најдобро дејствува тинктурата, односно екстрактот.