Случајно снимени: Џиновски лигњи од осум метри владеат со Мексиканскиот залив!

Точка

20/11/2013

10:12

3.491

Големина на фонт

а а а

Мангапина лигњите изгледаат како суштества смислени од сценаристите и режисерите на холивудските хорор и научно-фантастични филчмови. Но овој вид на лигњи навистина постои!

На длабочина од преку 2.000 метри во Мексиканскиот залив живеат лигњи чија должина често надминува и 8 метри. Една од ретките видео снимки од овие неверојатни животни е направена од компанијата Шел, додека вршела инспекција на својата нафтена платформа во 2007 година.

Мангапина лигњите изгледаат како креација на режисерите и сценаристите на „сај-фај“ и хорор филмовите. Оваа лигња живее на длабочина поголема од 2 километри, а долга е повеќе од 8 метри.


Возрасните примероци ретко се изложуваат пред објективите на камерите, а ретката видео снимка е направена од специјално подводно возило на компанијата Шел во Мексиканскиот залив.

Имено, додека била вршена конторла на нафтената платформа и морето и неговата околина во 2007 година, подводните камери го фатиле ова неверојатно сушстество во движење.



Инаку, мангапините, кои често ги нарекуваат и „долгораки“, се откриени во 1907 година. Меѓутоа, се сметало дека се мит, бидејќи прв пат биле снимени со камера во Бразил во 1998 година.

Десет години подоцна, јапонски тим успеал да ја сними оваа џиновска лигња јужно од Маурициус. Пипките со неверојатна должина им служат за да се хранат со плодови од морското дно.