Свити, девојчето кое што разоткри илјадници педофили

Точка

04/11/2013

23:11

7.124

Големина на фонт

а а а

Невладината организација "Terre des Hommes" соопштила дека создала виртуелно филипинско девојче на кое што и се јавиле неколку илјадници предатори подготвени да платат за да го видат десетгодишното девојче сексуално активно пред веб камерите, па токму тоа овозможило и идентификување на повеќе илјадници од нив.

"Создадовме виртуелна десетгодишна Филипинка", изјавил претседателот на здружението Алберт Јап ван Сантбринг, на конференцијата во Хаг, прецизирајќи дека предаторите контактирале со виртуелното девојче наречено Свити, особено на форумите, а било соопштено и дека педофилите биле подготвени да платат само за Свити да ја видат како им се препушта на сексуалните активности пред веб камерите.


Помеѓу педофилите, повеќе од 1.000 од нив биле идентификувани во 65 земји ширум светот. Оваа невладина организација дошла до нивните адреси, броеви на телефони и фотографии, а нивните идентитети им биле соопштени и на надлежните власти, односно на Интерпол.

"Затоа што сето тоа се одвивало на интернет, тие мислеле дека никој не ги следи, па затоа и сосема едноставно било прибирањето на податоците", изјавил претседателот на здружението, Ханс Гајт. Здружението има за цел да се пробуди јавното мислење и да и се стави крај на проституцијата на децата на интернет. Исто така, здружението го истакнува своето незадоволство поради малиот број на приведени поради секс туризмот преку веб камерите,нагласувајќи дека само шест криминалци биле уапсени во последните години.


Ван Санктбрин истакнал дека здружението можело да идентификува повеќе од 1.000 предатори, а властите од целиот свет би требало да можат да идентификуваат многу повеќе. "Со малку повеќе средства, би можеле да бидат идентификувани повеќе од 10.000", изјавил Гајт.

Здружението започнало петиција на глобално ниво, создавајќи виртуелен портрет на девојче за создавање на фотографија која е поставена на јавните "chat" групи, се со цел да се уловат предаторите, а организацијата навела дека во секој момент на интернет се активни повеќе од 750.000 педофили.