Курс за професионална шминка и фотографија

Точка

19/11/2013

10:00

18.523

Големина на фонт

а а а

Центарот за обука ЕВА веќе организираше два успешни курса за професионална шминка и изложби на фотографии со шминка на курсистите.

Центарот за обука ЕВА е постојано насочен кон усовршување на програмите, кадарот и можностите што ги нуди на своите слушатели.

Овој курс е наменет за сите оние кои имаат желба да научат да шминкаат професионално, без разлика на возраста, имаат талент и предиспозиции да се занимаваат со тоа и сакаат да си отворат можности за заработка од шминкерството како професија. Најдобриот од обучените слушатели на курсот ќе има можност за пракса или за професионален ангажман.


Курсот за шминка ги опфаќа основите на професионалната шминка со теоретска но пред се’ практична обука.

Курсот ќе го води Марија Ленчевска, професионална make-up артистка со импресивно портфолио и искуство од различни типови на шминка. Своето образование го стекнала во Лондон учејќи во Тhe London School of Beauty and Make-up, каде имала можност да учи од светски познати make-up aртисти. Нејзиното портфолио опфаќа работа на сериозни проекти и филмови како “Мajки” на Милчо Манчевски и филмови на В. Тозија, А. Русјаков, М. Ѓоковиќ, Д. Пејовски и др. Работела како официјална мake- up артистка на многу телевизиски шоуа, модна шминка на многу фотосесии за колекции на модни дизајнери, музички спотови, рекламни спотови за Т – Mobile/T-Home, Скопско, VIP мобилен оператор, Комерцијална банка и Стопанска банка. Позната е по својата сестраност и по својот уникатен уметнички израз.


Курсот трае 5 недели, опфаќа вкупно 20 часа по 60 минути, организирани во 10 доаѓања, двапати неделно по 120 минути, а ќе заврши со изложба на фотографии со ваша шминка во соработка со слушателите од курсот по фотографија.

Имате можност за плаќање на две рати, а во цената влегуваат работниот материјал, скриптите, Сертификатот, моделите и професионалните фотографии.


Manhattan козметика на курсистите ќе им додели сетови со шминка и низа попуст поволности при купување производи во иднина.



Курсот почнува на 23-ти ноември, кoга е закажана и првата средба. Пријавување до 16-ти ноември. Бројот на слушатели е ограничен поради ефикасност на курсот.

Термините се двапати неделно по 2 часа, попладне, или во сабота попладне, во траење од 4 часа, за слушатели кои не се од Скопје.


Пријавувањето можете да го направите со оставање на вашите лични податоци (име, презиме, адреса и телефонски број) на нашите телефонски броеви 02 / 3256 262, 078 / 23 13 23 и нашата e-mail адреса contact@tc-eva.com и eva.center@yahoo.com

Уплатите се вршат на нашата трансакциска сметка на Центар за обука ЕВА 210-067122310140 - Тутунска банка АД Скопје, со цел на дознака: “За курсот за шминка”.



Курс за професионална фотографија

Создадете своја визуелна умeтност и изразете се креативно

Преку овој курс за фотографија ќе се обидеме да ве научиме како да го извадите максимумот од вашите фотоапарати и ефикасно да ги пренесете своите идеи во интересни фотографии, да се изразите креативно и да создадете своја визуелна уметност. Курсот е наменет за фотографи аматери, како и за почетници кои сега ги прават првите чекори во фотографијата или пак поискусни кои сакаат да ги усовршат и збогатат своите знаења. Целта е преку теориска и практична работа да научите како да ја цените фотографијата, и како со опремата што ви е на располагање да направите убави и интересни фотографии, Овој курс е за сите оние кои ја доживуваат фотографијата како јазик за изразување на сопствените идеи, ставови, забелешки, визии. Покрај теоретскиот дел курсот опфаќа и многу практична работа со примери, но и фотографирање на различни субјекти во реални ситуации и настани.


Часовите се одржуваат еднаш неделно, најчесто во сабота попладне, траат по 120 минути а целиот курс трае три месеци. Курсот чини 12.000 денари и има можност за плаќање на 3 рати. Наставата се одржува во Центар за обука ЕВА, како и во професионално фотографско студио и на терен, во природа.

Оние што ќе го посетуваат курсот ќе имаат можност да земат учество во некои проекти и фотографирања во студио и на терен и веднаш да стекнат вредно искуство и можности.

Центар за обука ЕВА досега има организирано 5 успешни курсеви по фотографија кои завршиле со изложба на фотографии и проекција на фотографии, додека 6-тиот моментално трае.

Предавач на курсот е еден од најдобрите и најдокажани фотографи кај нас Наке Батев, кој има дипломирано уметничка и применета фотографија на Националната академија за театар и филм во Софија, а моментално работи како уредник на фотографија во дневниот весник “Вечер” како и за германската фотографска агенција “ЕРА”, преку која негови фотографии се објавуваат низ целиот свет, во етаблирани весници, магазини и сајтови. Наке Батев важи за сестран фотограф кој е исклучително добар во повеќе типови фотографија: новинска, репортажна, пејзажна, астро, модна фотографија итн. Од почетокот на издавањето до крајот е официјален фотограф на македонското издание на “Плејбој”. Батев има одржано многубројни самостојни и групни изложби во земјава и странство, реализирано многу фотографии за рекламнин постери и театарски претстави, како и репродукции на истакнати уметници за изработка на каталози и монографии. Добитник е на многу престижни награди меѓу кои најдобра фотографија во Европската фото агенција, Гран При награда на едноминутен филм на 10-от филмски фестивал во Скопје, втора награда за фотографија по повод “Денот на Европа”, награда за студентиски филм на фимскиотфестивал “Браќа Манаки” во Битола итн.


Концепт на курсот:

- Почетоци на фотографијата (запознавање со различите типови на фотоапарати)
- Најинтересни фотографи од историјата, претставници на одредени жанрови
- Основна фотографската опрема и вештини за нејзино правилно користење
- Композиција, кадар, светло
- Основи на работа со светло во студио и на терен
-Пристапи на кадрирање
- Основи на техники – бленда, експозиција, мерење, колор баланс итн.
- Запознавање со различите типови на фотографија - портрет, пејзаж,
макро, концертна фотографија, новинска фотографија, астро фотографија, модна фотографија
итн.

Курсот почнува на 23-ти ноември, кoга е закажана и првата средба. Пријавување до 16-ти ноември. Бројот на слушатели е ограничен поради ефикасност на курсот.

Пријавувањето можете да го направите со оставање на вашите лични податоци (име, презиме, адреса и телефонски број) на нашите телефонски броеви 02 / 3256 262, 078 / 23 13 23 и нашата e-mail адреса contact@tc-eva.com и eva.center@yahoo.com или лично во Центар за обука ЕВА од 10:00 до 22:00 часот.

Уплатите се вршат на нашата трансакциска сметка на Центар за обука ЕВА 210-067122310140 - Тутунска банка АД Скопје, со цел на дознака: “За курсот за фотографија”.