Жена самоубиец: Снимка од експлозијата на автобус во Русија

Точка

21/10/2013

20:43

7.508

Големина на фонт

а а а

Една од вонредните вести која пристигнува од Русија е информацијата за експлозијата во која најмалку шест лица го загубиле својот живот, а повеќе од 20 се повредени во патнички автобус во Волоград, во јужниот дел од Русија.

Имено, според првичните информации, станува збор за жена самоубиец. Од дваесетте повредени, седум лица се наоѓаат во тешка состојба, а Министерството за вонредни ситуации соопштило дека се подготвени хеликоптерите кои што би ги префрлиле повредените до болница во Москва, доколку тоа биде потребно, пренесува радиото "Kommersant".


Повикувајќи се на неименуван извор од полицијата, агенцијата "Interfax" објавила дека на местото на експлозијата се пронајдени делови од експлозивна направа. Според последните информации, жената самоубиец била идентификувана како Наида Асијалова од Дегестан, жена која од неодамна станала дел од исламот и била сопруга на лидер на милитантите.


Наида била 30 годишна жена која се омажила со 22 годишниот студент на Московскиот универзитет, Димитриј Соколов, кој што важел за талентиран бомбардер и бил исклучително ценет помеѓу исламистичките милитанти. Соколов, познат и како Абдул Јабар, е човекот по кој во Дегестан е издадена потера поради учеството во два терористички напади во рамките на кои што најмалку 29 лица биле повредени.







Спонзорирани линкови

Маркетинг