Кога малку ќе се погледне под површината, не станува збор само за холивудскиот зачетник на приказната за "силата" и култниот партизански филм од стара Југославија. Слични се и многу ликови, пред се Лук Скајвокер и Далибор, како и Дарт Вејдер и Клауберг.
„Војна на ѕвездите: Нова надеж“ и „Партинзанска ескадрила“... Тоа е истиот филм?!
На прв поглед, остварувањата Војна на ѕвездите и Партизанска ескадрила немаат многу нешта заеднички. Едниот филм е холивудски зачетник на серијалот за „силата“ и еден од најобожаваните филмови на сите времиња, а другиот е култен филм на југословенската кинематографија.

Меѓутоа, на интернет страницата Helter Skelter се појавила интересна анализа во која се докажува сличноста на тие два филмови, која навистина ја има и тоа во многу детали.
Приказните, кога малку подлабоко ќе се разработи содржината, се навистина слични, а си наликуваат и многу од ликовите, пред се’ Лук Скајвокер и Далибор, како и Дарт Вејдер и Клауберг.

„Кога бев дете, моите два омилени филмови беа Војна на ѕвездите и Партизанска едкадрила. Ми требаа повеќе децении да сфатам дека сум го гледал истиот филм“ – го започнува своето објаснување авторот, истакнувајќи дека се’ почнало кога после 30 години повторно го изгледал југословенскиот хит.
„Во меѓувреме, светот стана многу посложен, старите идоли паднаа, дојде до дигитализација на кинематографијата, но и понатаму филмот го задржа тој стар мирис и можев да ги оживеам тие стари времиња“.
Одненадеж, продолжува авторот со приказната за своето откритие, сфатил дека двата споменати филмови имаат многу повеќе заедничко од фактот дека го привлекле вниманието на југословенските деца кои растеле во текот на осумдесетите.

Филмското остварување „Војна на ѕвездите: Нова надеж“ (1977) година ја следи приказната за едно момче кое им се придружува на бунтовниците во борба против злото во интергалактичката империја. Научувајќи ги џедајските вештини станува пилот. Со соборците ја уништува Ѕвездата на смртта.

Од другата страна, „Партизанска ескадрила“ (1979) го следи главниот херој, млад партизан кој станува дел од првата партизанска ескадрила во борбата против Третиот рајх.
Кога ги совладува пилотските вештини, заедно со своите другари уништува важен дел од непријателската инфраструктура.
Ова е само почетокот на листата сличности...