Целосно конзервирана и реставрирана црквата "Сите Светии" во Лешани

Нетпрес

18/09/2013

12:03

874

Големина на фонт

а а а

Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците и музеј - Охрид ја завршија целосната конзервација и реставрација на црквата "Сите Светии" која се наоѓа во манастирскиот комплекс во село Лешани, во областа Долна Дебарца, Охридско.

Проектот, финансиран од Министерството за култура, се одвиваше во пет фази и опфати заштитно-конзерваторски работи на архитектурата на црквата заради намалување на негативните влијанија на влагата во и околу објектот, како и санација на археолошките ѕидови. Извршена е и конзервација на фрескоживописот кој поради интензивната влага во изминатиот период беше доведен во сериозна опасност. Во текот на конзервацијата, по механички и хемиски пат, беа отстранети сите нечистотии и беше извршено ретуширање на оштетениот слој со што е вратена колоритната автентичност на фрескоживописот, по кој е препознатлива оваа црква.

Црквата „Сите Светии“ е изградена во 15 век и претставува мала еднокорабна градба ѕидана од кршен камен и бигор.