Неверојатната приказна на Добри Добрев - добродушниот дедо од Бугарија

Точка

04/09/2013

13:09

18.112

Големина на фонт

а а а

Деведесет и деветгодишниот Добри Добрев, кого сите кои го знаат го нарекуваат дедо Добри, е еден од најстарите, но и најхуманите жители на Бугарија.

Дедо Добри Добрев го изгубил слухот во Втората светска војна. Оттогаш патува 25 километри секој ден од неговото село Бајлово до Софија, носејќи само облека од домашна изработка и кожени опинци. До неодамна тој го поминувал овој пат пеш, но годините веќе не му дозволуваат таква физичка активност. Овде Добри Добрев го поминува целиот ден питајќи пари.


Парите кои дедо Добри ги собира не се за негова потреба, и за себе не задржува ниту цент. Тој досега има организирано реставрација и реновирање на многу цркви во престолнината на Бугарија. Досега, само од својата заработка како питач и донациите кои ги собрал од други хумани граѓани на Софија, тој донирал се’ што има собрано до последната паричка. Вкупно 40.000 евра!



И покрај многуте пари кои ги има заработено и што помогнал на многумина, Добри Добрев живее само од неговата државна пензија од 80 евра и од милоста на ближните. Освен реставрациите на црквите, дедо Добри има помогнато и да се реновира дом за сирачиња, како и да се нахранат гладните.

Старецот секогаш седи пред црквата Свети Александар Невски, или пред црквата на Свети Кирил и Методиј, и има пет кутивчиња полни со монети.


Мили очи, пријатна насмевка, скромен изглед... сето тоа прави тој да изгледа светло во очите на оние кои го запознаваат за прв пат и без двоумење добиваат благослов од добродушниот старец. Ретко кој може да се воздржи да не му остави барем една паричка. Велат дека има нешто свето во дедо Добри, нешто што ги тера луѓето да го разбудат човекот во себе.



Со своите кожени опинци постојано брза некаде, и никогаш не користи модерни возила за транспорт. Едноставно го обожава аскетското пешачење. Јаде што и да му дадат добрите луѓе кои поминуваат, и никогаш не се жали за својата состојба. Неговото лице сјае со блаженост, правејќи навистина да верувате дека Господ постои.



„Човек треба да ја задржи праведноста и вистината. Тоа е патеката на Бога“ – вели дедо Добри.

За дедо Добри во 2000 година бил снимен и сегмент во филмот „Мите“. Во филмот тој е претставен како свет човек во служба на Бога.