Петнаесет студенти на Машински факултет стипендисти на компанијата „Дрекселмаер“

Нетпрес

27/08/2013

13:58

1.607

Големина на фонт

а а а

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, в четврток ќе се потпише Меморандум за соработка помеѓу Министерството за образование и наука и DMM- Draxelmaier Manufacturing Macedonia DOEEL.

Цел на потпишување на овој Меморандум е стипендирање на 15 студенти од Машинскиот факултет при УКИМ.

Меморандумот ќе го потпишат ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски, министерот за образование, Спиро Ристовски и претставник на DMM- Draxelmaier Manufacturing Macedonia DOEEL, Георги Тренкоски.

Потпишувањето ќе се одржи во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со почеток во 12 часот.