Пред нас сончев и топол викенд, температурите до 39 степени

Нетпрес

26/07/2013

12:38

983

Големина на фонт

а а а

Во деновите од викендот не’ очекува сончево и топло време со температури до 39-от степен, најавуваат метеоролозите.

Се’до вторник ќе се задржи сончево и многу топло време со пораст на температурата на воздухот. Во вторник попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Од среда температурите ќе бидат пониски за неколку степени.

За утре метеоролозите најавуваат топло време со температура од 26 степени во Маврово до 38 степени во Демир Капија и Гевгелија.

Во Скопје и околината ќе биде топло со температира до 35-от степен.

Посебно обрнете внимание на високиот индекс кој ќе биде осум, па поради тоа не се изложувајте директно на сонце, посебно во период од 11 до 17 часот.

Во овие летни денови не ги заборавајте препораките од лекарите: Носете светла и лесна облека, избегнувајте масна и зачинета храна, алкохол и газирани пијалоци, пијте повеќе вода и јадете овошје и зеленчук.


Спонзорирани линкови

Маркетинг