Протест на новинарите за колегата Кежаровски

Нетпрес

25/07/2013

10:23

669

Големина на фонт

а а а

Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски денеска во 11 часот организира протест по денешната одлука на Кривичниот суд за продолжување на притворот на Кежаровски за нови 30 дена.

Кежаровски веќе четврт ден штрајкува со глад е во многу тешка психичка и физичка состојба.

Вчера кривичниот совет му го продолжи притворот на Кежаровски за нови 30 дена, а обвинителството покрена обвинение за осомничените во случајот Ликвидација. Кежаровски е осомничен дека незаконски го открил идентитетот на заштитениот сведок за убиството на старецот во велешкото село Ореше.


Спонзорирани линкови

Маркетинг