Што се’ го очекува новородениот британски принц?

Точка

23/07/2013

10:00

4.927

Големина на фонт

а а а

После повеќечасовно исчекување, во 16:42 според британско време во лондонската болница Сент Мери, вчера се роди идниот наследник на престолот на Велика Британија.

Војвотката Кејт по природен пат го роди бебето тешко 3.790 грама точно во 16:42 во болницата Сент Мери.

Кејт се породи единаесет часа откако беше донесена во болницата, а за тоа време целиот свет исчекуваше било какви вести во врска со раѓањето на британскиот престолонаследник.


Пред болницата Сент Мери се собраа луѓе од целиот свет, очекувајќи ги не само радосните вести, туку и моментот кога гордите родители и идниот крал ќе се појават и ќе ги поздрават.

„Се надевам дека подарокот кој им го подготвивме ќе можеме да им го врачиме лично на среќните родители“ – рекла 15-годишната Монтана Роуз од Лондон, член на Здружението на британски извидници. Таа со уште неколку претставнички заедно го подготвила подарокот – корпа за бебето.


„Војвотката од Кембриџ била една од нашите волонтерки и се надеваме дека овој подарок и понатаму ќе ја потсеќа на своите денови поминати со нас“ – додала Роуз.

Првите информации за раѓањето стигнаа преку електронска пошта, за набргу потоа во син јагуар портпаролот на кралското семејство официјално да го однесе соопштението во Бакингемската палата, каде е прикачено за јавноста, како што налагаат правилата.


Подоцна деталите за бебето беа објавени преку Твитер, а медиумите веднаш забележаа дека новородениот принц е потежок од принцот Вилијам на своето раѓање на 21 јуни 1982 година.

Гордите родители не го знаеле полот на детето до моментот на раѓањето, но Кејт своевремено изјави дека се надева на момче, а Вилијам дека посакува девојче.

Во рамките на кралската традиција, Вилијам и Кејт уште некое време нема да го откријат името на бебето, но познато е дека идниот престолонаследник ќе биде нарекуван „Неговото кралско височество принцот (името) од Кембриџ“.


Интересно е што принцот Вилијам го чекал своето име недела дена, најмногу затоа што принцот Чарлс и принцезата Дајана не можеле да се договорат околу името.

Бебето ќе го видиме прв пат најверојатно еден ден после породувањето, односно денес на 23 јули, кога се очекува среќната мама Кејт да ја напушти болницата. За прво јавно претставување е одобрено местото на кое пред 31 година принцезата Дајана на светот му го претстави новородениот син Вилијам.


Се’ уште не е познато кога ќе биде бебето крстено, но се претпоставува дека таа церемонија ќе причека до есен, кога кралското семејство се враќа од летен одмор.

Традицијата исто така налага кралското бебе да се облекува во посебна сатенска облека која потекнува уште од 1841 година, и која ја носеле сите деца на Викторија, како и генерации на кралски бебиња подоцна, вклучувајќи го и принцот Вилијам.


Спонзорирани линкови

Маркетинг