Се очекува 400 илјади Бугари да емигрираат во 2014 година

Нетпрес

11/07/2013

11:01

1.183

Големина на фонт

а а а

Околу 400.000 Бугари планираат да заминат на Запад по елиминацијата на ограничувањата во 2014 година, а најпосакувана дестинација ќе биде Велика Британија, пишува британскиот весник „Сан“.

Еден на секои пет испитаници бугарти – 17 отсто, на возраст меѓу 15 и 55 години се подготвува да си замине. А Велика Британија, заедно со Германија, се омилените дестинации за бегство од економскиот мрак, коментира весникот. Согласност со правилата на Европската унија, Лондон е немоќен да ги запре Бугарите и Романците, кои би заминале таму по први јануари.

Порано Шпанија, Грција и Италија биле најпосакувани дестинации на Бугарите заради јазичните сличности. Но денес многу повеќе граѓани зборуваат англиски, што ја прави Велика Британија најпривлечната земја за 22,5 отсто од бугарските имигранти, покажува истражувањето, направено по нарачка на ЕП. Само Германија е се’ уште популарна со 22,9 отсто. Ако овој тренд продолжи, од јануари околу 80 илјади Бугари ќе пристигнат во Лондон. Тоа ќе ги стави под огромен притисок болниците, училиштата и системот за социјално осигурување.

Лидерот на Британската партија за независност Најџел Фараж во врска со ова изјавил дека „нема излез од суровата реалност. Според овие податоци близу 100 илјади Бугари сакаат да дојдат тука, а овој број може да достигне и до еден милион во наредните години. За да ги спречиме, треба да ја напуштиме Европската унија, ништо друго нема да помогне“.