Сопственик на локал во Центар физички нападнал поранешен вработен поради неисплатени дневници

Макфакс

31/05/2026

17:50

340

Големина на фонт

а а а

20-годишен скопјанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од неговиот поранешен работодавач во угостителски објект во општина Центар, по расправија поврзана со исплата на дневници.

Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера во Секторот за внатрешни работи Скопје.

„На 30.05.2026 во 15:15 часот во СВР Скопје А.К.(20) од Скопје пријави дека на 26.05.2026 во угостителски објект на подрачјето на Центар, каде претходно работел, поради недоразбирање околу исплата на дневници бил физички нападнат од сопственикот на објектот“, стои во полицискиот билтен.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.