Атракции за експлозија на трибините: Најмоќните десет забивања на месецот во Евролигата

Евролигата е најквалитетното кошаркарско натпреварување на стариот континент, а како такво секогаш нуди моменти и потези за паметење. Забивањата секогаш се посебни и носат посебна емоција како кај играчите, така и кај навивачите на трибините, па така ја имаме топ листата на најмоќните вакви мајстории за месец јануари, одбројување во кое ќе можете да уживате во наредниве четири минути.