Граѓаните револтирани, хаос за налепници НМК пред техничките прегледи

Од полноќ, сите возила со македонски регистарски таблички треба да имаат налепница NMK. Инаку, и ова е дел од обврските кои произлегуваат од Преспанскиот договор. Во станиците за технички преглед на АМСМ, станиците за технички преглед на Здружението на возачи на Македонија во Кисела Вода и Карпош, ПСС и Цертус, налепници имало, но во недоволна количина.