Денешниот ден засекогаш ќе остане во сеќавање на постарите генерации од балканските простори поради спектакуларното отворање на Олимписките игри во Сараево. Во тој момент Југославија беше во центарот на вниманието на спортската јавност. За првпат Зимските Олимписки Игри беа одржани во социјалистичка земја, а главниот град на БиХ доби предност пред јапонски Сапоро и шведски Гетеборг и тоа со убедливи 36 добиени гласови од вкупно 39.