Каде е топката? Јокиќ со стара финта го понижи првиот пик на драфтот од 2018 година

Денвер Нагетс ја оправда фаворитската улога и славеше над Портланд Трејл Блејзерс со 112:103 во средба во која на највисоко ниво беше Никола Јокиќ кој беше автор на 29 поени, плус додаде 8 скокови и 7 асистенции. Токму Србинот имаше и еден потег со кој дополнително ги освои фановите, а причината за тоа е старата финта која му ја „продаде“ на некогашниот прв пик на драфтот (2018 година), Деандре Ејтон.