Црвен картон од студентите до Министерството за образование

Револтирани од ненавремената исплата на студентските стипендии, задоцнета исплата на ваучери за превоз, како и проблемите со мерката субвенциониран студентски оброк, студентите денеска одржаа протест Министерството за образование и наука. Со црвени картони и транспаренти тие пред зградата на Министерството го изразија незадоволството од неправдата што им беше нанесена и порачаа дека сакаат промени и одговорност.