Првиот албански суперавтомобил, „Illyrian TSX“, е претставен во италијанскиот град Торино. Зад овој модел стои компанијата „Arrera Automobili“. „Illyrian TSX“ има 6,2-литарски LT2 V8 мотор, кој испорачува 840 коњски сили, а максималната брзина би требало да му биде до 375 км/ч.