Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од глава. Песната „Очи Вселена“ доби современ, динамичен и автентичен видео запис. И овој пат креативноста и единствениот музички стил на Сара Мејс испливаа на површина, песната и спотот се во чекор со светските музички критериуми. Сара Мејс со „Очи Вселена“ одново ѝ подари на домашната сцена комплетно ремек-дело.