Во Израел бесни поради снимката од германскиот дипломат: Летал со параглајдер, а неговата порака до Газа ја кренала цела држава на нозе

Германскиот политичар и некогашен пратеник во ЕУ во Појасот Газа е обвинет за охрабрување на Хамас да користи параглајдери во нападот на Израел. Свен Кун фон Бургсдорф кон средината на јули објави снимка на која се гледа како лета со параглајдер над Газа. „Прв лет со параглајдер во Газа во историјата. Тоа ни кажува дека тука се е можно! Еднаш кога ќе ја ослободиме Палестина и Газа ќе можете да ја правите истата работа“, рекол дипломатот откако слетал на брегот на Газа.