Во Анкара отворен најголемиот земјоделски комплекс и простор за рекреација во Турција

Во регионот Голбаш во близина на главниот град на Турција, Анкара, е отворен најголемиот земјоделски комплекс и простор за рекреација во земјата. Зоната има површина од 2,5 милиони метри квадратни, а земјоделската површина опфаќа 970.000 метри квадратни.