Ова палаво куче го искинало пасошот на својот сопственик, две недели пред неговата свадба во Италија
Свадбената прослава на еден пар од Бостон, САД била доведена до знак прашалник бидејќи нивното куче го искинало пасошот на идниот младоженец – само две недели пред нивното патување во Италија, каде што е планирана свадбата.
Донато Фратароли раскажал за „WCVB“ дека тој и неговата свршеница отишле во градското собрание за да ги пополнат формуларите за свадба, само неколку дена пред закажаната церемонија на 31 август. Кога се вратиле дома, тие виделе дека нивниот немирен златен ретривер, Чики, го искинал пасошот на Фратароли.
Парот сега се обидувал да извади нов пасош и бара помош од локалните власти.
„Во моментов сум малку под стрес“, изјавил Фратароли. „За среќа, конгресменот и сенаторот изреагираа многу добро. Тие се обидоа да ги забрзаат работите и да добијам нов пасош. Посакајте ми среќа“, изјави Фратароли.
Идниот младоженец изјавил дека ако не успее да извади нов пасош пред летот, тој ќе остане дома, а неговата свршеница и останатите гости ќе одат во Италија без него. Тој ќе се сретне со нив кога ќе се вратат во САД.
Свадбената прослава на еден пар од Бостон, САД била доведена до знак прашалник бидејќи нивното куче го искинало пасошот на идниот младоженец – само две недели пред нивното патување во Италија, каде што е планирана свадбата. Донато Фратароли раскажал за „WCVB“ дека тој и неговата свршеница отишле во градското собрание за да ги пополнат формуларите за свадба, само неколку дена пред закажаната церемонија на 31 август. Кога се вратиле дома, тие виделе дека нивниот немирен златен ретривер, Чики, го искинал пасошот на Фратароли. Парот сега се обидувал да извади нов пасош и бара помош од локалните власти. „Во моментов сум малку под стрес“, изјавил Фратароли. „За среќа, конгресменот и сенаторот изреагираа многу добро. Тие се обидоа да ги забрзаат работите и да добијам нов пасош. Посакајте ми среќа“, изјави Фратароли. Идниот младоженец изјавил дека ако не успее да извади нов пасош пред летот, тој ќе остане дома, а неговата свршеница и останатите гости ќе одат во Италија без него. Тој ќе се сретне со нив кога ќе се вратат во САД.