НБА Топ 5: Цепелин во режија на Јокиќ и Гордон, брутално забивање на Мареј под прекршок

Мајами Хит направи брејк и израмни на 1-1 во финалната пресметка против Денвер Нагетс во НБА лигата. Дуелот во Колорадо беше возбудлив, неизвесен до самиот крај, па овој резултат е најава за супер интересна серија која сега продолжува на Флорида со два натпревари. Од дуелот кој се одигра рано утрово се одбрани најдобрите потези, листа на која број еден е плејмејкерот Мареј со атракција под прекршок.