Северина направи гужва на „Рузвелтова“

Поради концертот на хрватската пејачка Северина, вечерва во клубот „Пуре“ во Скопје, настана хаос во сообраќајот на улицата „Рузвелтова“. Колона возила и нервозни возачи се движат и по булеварот „Илинден“. Според очевидци, на врата се чекало од 18 часот за влез на концертот на Северина.Сообраќајот е целосно во застој, а полцијата ги брка сите што застануваат барајќи паркинг место.