Титулата патува во Шпанија: Погледнете го изведувањето на пеналите во финалето на Лига Европа

Шпанскиот прволигаш Севилја е освојувач на пехарот во Лига Европа во кампањата 2022/2023 и тоа откако во големото финале во Будимпешта успеа да ја добие драмата со калчолигашот Рома. Средбата во Унгарија беше исцрпувачка за двете екипи, немаше победник по 120 минути, па пеналите беа оние кои го дадоа победникот во второто по ранг натпреварување на УЕФА.