НБА Топ 5: Леброн со чудесна тројка го засени и Кари

Составот на Голден Стејт Вориорс му одржа лекција на Лос Анџелес Лејкерс и израмни на 1-1 во полуфиналето на западната конференција во НБА лигата. Од дуелот во Сан Франциско беа избрани најдобрите моменти, па ја имаме Топ листата која брои 5 потези и која ја предводи ветеранот Леброн Џејмс со чудесната тројка од табла пред истекот на времето. Со ова „кралот“ го засени и Стеф Кари кој исто така имаше „луда“ тројка во негов стил.