„The Night Agent“ е нова хит-серија на „Netflix“ која за само неколку дена од излегувањето стигна на врвот на листите на најгледани серии на англиски јазик. Серијата го следи ФБИ агентот кој работи во подрумот на Белата куќа. Тој има задача да управува со телефон кој никогаш не ѕвони – сè додека не заѕвони, ставајќи го среде далекусежна завера.