Ѓоковиќ, Дуња Јованиќ, па дури и Кардашијанките се „колнат“ во неа: Нушкова ја откри тајната за своето префинето тело стара точно 111 години

Трендот кој активно го практикуваат познатите личности во светот стана препознатлив и кај нас. Станува збор за пилатес кој се вежба на „Реформер“ машини - концепт што отсликува високо рангиран тип на тренинг, пред сè поради неговите брзи ефекти. Токму ова се причините поради кои познатите Кардашијанки, Новак Ѓоковиќ, Наташа Беквалац, Дуња Јованиќ и уште многу други секојдневно на своите социјални мрежи објавуваат дека овој вид на тренинг е нивниот избор. Манекенката Бојана Нушкова објави видео во кое откри дека редовно вежба Пилатес на „Реформер“ во Студио 60, кадешто го одржува своето убаво обликувано тело.