Ковачевски за Бектеши: Тој е по спортот, играл за „Влазерими“ како млад, а сега игра кај Груби во канцеларија

Поранешна ракометарка го застана премиерот Димитар Ковачевски на пазарењето пред камери утрово за да го поздрави. Му се претстави како најдобра голманка во Македонија и пред камерите си најдоа заеднички пријатели, но на премиерот не му се зборуваше многу за спортот, па посочи дека министерот за економија, Крешник Бектеши, кој стоеше до него, бил спортист.